Скромно: Средбата на Канте со трофејот во ЛШ е хит на интернет! 🎥


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Н’Голо Канте повторно ја воодушеви спортската јавност. Французинот е скромен и беше еден од најдобрите играчи на Челси во финалето од Лига на шампиони.

Челси одигра фантастичен меч и го победи Манчестер сити со 1-0, а Канте ги неутрализираше нападите на противникот.

Французинот стигна до нов трофеј во кариерата, па така во период од пет години стана шампион на Англија двапати, го освои Светското првенство, а потоа Лига Европа и сега Лига на шампиони.

По мечот беше навистина хит неговата средба со трофејот, откако Канте само го допре трофејот и продолжи по својот пат, додека сите останати го бакнаа пехарот на елитното натпреварување.