Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По големиот успех на фајнл-фор турнирот во Келн, ракометарите на Вардар се главна тема во балканските медиуми.
Така, словенскиот интернационалец, Сташ Скубе во моментов заедно со Олимпија Цедевита (кошарка) е главна тема во својата земја кога станува збор за спортот.
Во интервју за словенскиот медиум „Спортал“, Скубе посочи дека Сергеј Самсоненко со сигурност ќе остане во Вардар и тоа се знаело уште по натпреварот со Пик Сегед но тоа не било се уште објавено во медиумите.
„По натпреварот со Пик Сегед кога се пласиравме на Ф4 турнирот се случи пресвртен момент и Сергеј се согласи да остане. Знам дека оваа вест се уште не дошла до медиумите, но тој сигурно останува. Тој дојде кај нас и не убеди дека ќе остане 100%“ –истакна Скубе.