Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Идентификуван е навивач на Ливерпул кој бил избоден за време на прославата после освојувањето на ЛШ. Се работи за 33 годишниот Еванс О’Рорке.
Тактото на две деца бил избоден со нож пред еден од баровите каде илјадници навивачи на Редсите ја славеа титулата првак на Европа.
После нападот бил пренесен во болницата Royal Liverpool University, но кратко после тоа им подлегнал на повредите.
Неговата фамилија и пријатели не можат да веруваат дека тоа се случило.
Беше фанатичен навивач на Ливерпул и играл аматерски фудбал. Поради сомнение дека го извршиле овој злочин уапсени се две лица.
Од полицијата навеле дека напаѓачите можеби од порано се познавале со убиениот, па убиството можеби не е поврзано со натпреварот.