Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не за џабе рекле дека фудбалот е повеќе од спорт. Оваа возбудлива игра во текот на годината предизвикува многу емоции кај луѓето, од радост до тага и обратно.
Еден навивач на Ливерпул, 41-годишниот Јан Вуд од својата петта година е слеп, но постојано е на трибините на „Енфилд“, каде што ги поддржува своите миленици.
Меѓутоа, сега Вуд има шанса да ги почуствува случувањата на теренот, како и сите останати навивачи со помош на една посебна кацига.
„Ова ми го смени животот. Уште од дете доаѓам на натпревари и се сеќавам дека во 90-те немаше ниту коментатор, а сега го имам ова. Сега можам да видам барем малку. Не можам да прочитам што пишува на дресовите, но можам да кажам кој ја има топката“, вели Вуд.
Инаку, Вуд има само пет проценти од својот вид, поради што и функционира оваа специјална кацига.