Слободен удар или пенал – нема разлика: Меси ја носи Аргентина кон титула на Копа Америка 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во натпреварот од четвртфиналето против Еквадор, Аргентина славеше со 3-0, а Лионел Меси уште еднаш покажа дека е мајстор за слободни удари.

Капитенот на „гаучосите“ претходно им асистираше на Родриго Де Пол и Лаутаро Мартинез, па беше најдобар фудбалер за својата репрезентација на патот кон полуфиналето.

Легендата на Барселона досега постигна четири голови и е најдобар стрелец на турнирот, а неговиот последен гол е генијален.

Судијата Вилтон Сампаио прво додели пенал за Аргентина по прекршокот врз Анхел Ди Марија, но потоа ВАР ја промени одлуката и досуди слободен удар, но тоа не му претставуваше проблем на Меси, кој го претвори во гол.