Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шампионот на Англија вчера во Лондон изгуби од Бренфорд со резултат 3:2 во деветтото коло на Премиер лигата, и забележа четврта последователна загуба во првенството и доколку Арсенал денеска го победи Кристал Палас, ќе има седум бодови помалку од лидерот на табелата.
Менаџерот на Ливерпул Арне Слот беше видливо разочаран по натпреварот, на кој, како што тврди, Ливерпул беше најлош од почетокот на сезоната.
„Според моето мислење, нашата игра денес беше најлоша од сите четири последователни порази. Не ги извршивме основните задачи како што треба во цело прво и во поголем дел од второто полувреме. Знаевме дека можат да ни се заканат од прекини и контранапади и токму така примивме голови. Тоа е неприфатливо”, изјави холандскиот стратег.
Мохамед Салах играше очајно, иако во завршницата постигна гол за конечни 3:2.
„Ако Мо влезе во серија на постигнување голови, тоа дефинитивно ќе биде важно за нашиот тим”, заврши Слот.
















