Словенците ја прегазија Јапонија, а Дончиќ пак издоминира на теренот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Словенија убедливо трумфираа против Јапонија со 116-81 во рамки на второто коло од групната фаза на турнирот на Олимписките игри.

Словенците пристигнаа во одлична форма во Токио на Олимпијадата, а денеска го совладаа и домаќинот против кој доминираа од самиот почеток.

Словенија по првата четвртина водеше со 29-23, додека на полувреме резултатот беше 53-41 за Словенците.

И во продолжение Словенија ја одржуваше предноста, а Јапонците во последната четвртина целосно се предадоа.

Дончиќ имаше многу добар настап и беше најефикасен во својот тим. На теренот мина 26 минути, а притоа постигна 25 поени, седум скокови и седум асистенции.