Словенец на радарот на Сан Антонио Спарс


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Еразем Лорбек ќе се обиде да се избори за место во најсилната кошаркарска лига во светот.

Словенецот после 2-годишно отсуство од теренот ќе добие шанса да му се наметне на Сан Антонио Спарс.

Во случај да остави добар впечаток, Лорбек би можел да настапи во летната лига, а подоцна и на тренинг кампот.

Лорбек во период од 2009-та и 2014-та година играше за Барселона. Со шпанскиот клуб во 2010-та година ја освои Евролигата, а во 2012-та година беше во идеалната петорка на најквалитетното европско натпреварување, но и МВП во финалето на АЦБ лигата.

Претходно го носеше дресот на ЦСКА Москва, Лотоматика, Бенетон, Уникаха и Фортитуда.