Случај „Негреира“: Судии со парите на Барселона си плаќале вечери во скапи ресторани (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона е под голем притисок, откако во медиумите се појави случајот „Негреира“, по што се бараше жестока казна за каталонскиот гигант.

Во моментов се води истрага за целиот случај, а првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта пред неколку дена кажа дека ќе им се одмазди на сите кои со лаги сакаат да го уништат гигантот.

Шпанските медиуми објавија нови докази кои се против Каталонците, а станува збор за копија од сметката со која поранешниот член на судиската комисија, Енрикез Негреира им плаќал скапи вечери на судиите со парите од Барселона.

Ова отвора нови сомнежи за тоа дека Барселона со парите кои ги испраќала до Негреира, всушност се обидувала да добие помош од судииите.