Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Ливерпул минатото лето се обиделе да го донесат играчот на Реал Мадрид, Мартин Одегард.
Одегард играше како позајмен фудбалер за Витезе, а јасно беше дека Реал нема да сака да го сочува во тимот. Токму затоа од Ливерпул испратиле понуда за негов перманентен трансфер, но истата била одбиена. Реал се одлучил да го прати Норвежанецот на позајмица во Реал Сосиедад, нешто што испадна како правилно затоа што Одегард игра одлично и веројанто ќе добие шанса меѓу „Кралевите“ следната сезона.
„Тој стана еден од најдобрите фудбалери во Ердивизија и имаше многу понуди за него. Не само од Реал Сосиедад, него го сакаа и Ливерпул и Ајакс. Чест е да се види како напредува играч како Мартин. Работењето со него беше голем предизвик за мене“ –изјави Леонид Слутски.