Смолинг откри: Каков одговор доби од Меси по извинувањето…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона направи голем исчекор кон пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите, бидејќи на првиот меч од четвртфиналето славеше против Манчестер Јунајтед со 1:0.

Натпреварот на „Олд Трафорд“ остави и свои последици во рамки на повредата на Лео Меси кого Крис Смолинг несакајќи го удри по глава и така му направи неколку лузни.

Дефанзивецот на Јунајтед подоцна откри дека Аргентинецот не му замерил.

„Разговаравме за тоа, во моментот не сфатив дека го удирам. Се извинив и по мечот, тој тоа го прифати и истакна дека знаел дека беше случајно“, истакна Смолинг.

Ернесто Валверде не е сигурен дали Меси ќе биде подготвен за мечот со Хуеска овој викенд, но претпоставува дека ќе може да им помогне на своите соиграчи во реваншот на „Камп Ноу“.