Смолинг се јави по драмата со разбојниците: Се надевам дека ќе ја пронајдете смислата на животот!

Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг пред неколку дена доживеа вистинска драма во својот дом во Рим.

На фудбалерот во домот му влегле тројца маскирани крадци и го натерале да го отвори сефот и да им даде пари и накит.

Разбојниците впериле пиштоли кон фудбалерот на Рома и тој немал друг избор освен да им го даде тоа што го има во домот.

Смолинг објави порака преку социјалните мрежи и им се заблагодари на поддршката на сите.

„Им благодарам на убавите желби и поддршката. Моето семејство беше исплашено и за среќа никој не е повреден. Се надевам дека овие луѓе ќе ја пронајдат смислата на животот“, порача дефанзивецот на Рома.