Снимка која покажува дека Мегваер не е достоен за капитенската лента на Јунајтед ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед се посрамоти на домашен терен против Тотенхем, откако загуби со 1-6, а еден од најкритикуваните фудбалери беше Хари Мегваер.

Во финишот на првото полувреме судијата Тејлор се консултираше со ВАР-собата и го исклучи Ентони Марсијал затоа што го удри Ерик Ламела.

Однесувањето на Мегваер притоа не беше достојно за капитен. Наместо да инсистира Ламела да добие црвен картон, зашто прв го почна инцидентот, тој се однесуваше поинаку.

Снимката зад голот покажува како Англичанецот го убедува Маркус Рашфорд кој се бунеше дека и Ламела заслужил црвен.