Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус денеска официјално го претстави холандскиот дефанзивец Матијас Де Лигт, што значи дека ростерот за новата сезона веројатно е завршен.
Старата дама ги доведе Арон Рамзи, Адриен Рабиот и Џиџи Буфон бесплатно, додека скапите засилувања се Де Лигт, Кристијан Ромеро, Лука Пелегрини и Мерих Демир.
Ова значи дека веќе можеме да претпоставиме како ке изгледа првиот состав на Јувентус следната сезона.
Тренерот Маурицио Сари ќе биде на тешки маки за да ги одбере најдобрите 11, а сега има особено силна конкуренција во стоперската позиција, каде се уште не е познато дали Сари ќе започне со двајца или тројца играчи.
Сепак, судејќи според она што го гледавме во Челзи минатата сезона, Сари може да преферира тактика со два стопери, а италијанските медиуми сметаат дека во овој случај од првиот состав ќе испадне Леонардо Бонучи.
Без оглед на доаѓањето на играчи како Рабиот и Ремзи, место во првиот состав ќе биде цврсто задржано од Миралем Пјаниќ, кој очигледно е еден од недопирливите во Јувентус.
Значи, на фотографијата подолу, можете да видите каков избор на играчи ќе има Сари и на која позиција. Исто така, предвидено е како би изгледал првиот состав:
Се разбира, главната цел на „новиот“ Јувентус ќе биде конечно да ја освои третата шампионска титула на Европа.
Дали Старата дама ќе успее под тренерската палка на Маурицио Сари, останува да се види.