Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ до крајот на овој месец треба да објави во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, а како што стојат работите тоа најверојатно би бил Наполи.
Претседателот на клубот од Наполи, Аурелио Ди Лаурентис, во зимскиот преоден рок сака да го „размрда“ играчкиот кадар со неколку промени, а посебно после штрајкот кој го организираа фудбалерите на овој клуб пред неколку недели.
Де Лаурентис уште од тогаш изјави дека ќе ги продаде сите играчи кои биле лидери на штрајкот, а најверојатно клубот ќе го напушти и тренерот Карло Анчелоти, кој веќе не е во добри односи со претседателот на Наполи.
Италијанските медиуми пренесуваат дека првата мета на овој тим е Златан Ибрахимовиќ кој моментално е слободен играч. И покрај тоа што има 38 години за него интерес покажаа многу клубови од Серија А, но како што стојат работите Наполи беше еден од најконкретните со својата понуда.
Де Лаурентис сака да направи револуција во тимот на Наполи, а тоа можно е да започне во јануари со продажбата на Мертенс и Жозе Каљехон. Покрај Ибрахимовиќ во Наполи треба да пристигнат уште неколку засилувања чии имиња Наполи сеуште вешто ги крие.
Наводно, Анчелоти веќе ги информирал играчите дека ќе го напушти клубот после натпреварот во Лигата на Шампионите против Генк кој ќе се одигра вечерва, а на негово место би требало да дојде Џенаро Гатузо или Еди Реја кои на таа позиција би останале до крајот на сезоната.