Со него нема шега: Денвер губеше од Оклахома, а тогаш Јокиќ почна да држи лекции на тајм-аут (ВИДЕО)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Денвер Нагетс ги победија Оклахома Сити на нивниот терен со 121:119 во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата.

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, на крајот од натпреварот имаше 42 поени, 22 скока и шест асистенции.

Сепак, за победата најзаслужен беше Ерон Гордон, кој постигна шут за победа со звукот на сирената. Но, Денвер не играше најдобро во поголемиот дел од натпреварот.

Избраниците на Дејвид Аделман губеа и во првото и во второто полувреме, а тоа малку го иритираше најдобриот играч на тимот, Никола Јокиќ.

Затоа во еден тајм-аут, тој презеде работи во свои раце и строго им се обрати на соиграчите, по што усно им објасни како треба да се игра во продолжение од натпреварот.