Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, оваа недела и официјално стана фудбалер на Јувентус.
Пофалбите на сметка на “Малиот принц” стигнуваат од сите страни, а следуваше една и од неговиот нов соиграч Клаудио Маркизио.
Маркизио порача дека Пјаниќ е фантастичен фудбалер и дека многу ќе му помогне на Јувентус.
“Пјаниќ е фантастичен фудбалер. Еден од оние кои можат да го променат нашиот стил на игра на подобро. Мислам дека со него ќе бидеме многу посилни на европската сцена”- изјави Маркизио.
Да потсетиме, Јувентус за услугите на Пјаниќ плати 32 милиони евра.