Соблекувалната се сврте против Валверде, но го чува главниот човек во Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот клуб очајно ја отвори новата сезона, а го доживеаа и вториот пораз.

Барса одамна вака не одиграла лошо и може слободно да се каже дека Гранада многу лесно дојде до победа и нови три бода.

На сите им е јасно дека Барселона е во голема криза која трае уште од поразот од Ливерпул во полуфиналето на ЛШ од минатата сезона. Очигледно Каталонците не се опоравија од тогаш.

Навивачите на клубот бараат оставка од Валверде за кого многумина коментираат дека е виситнски чудо што сеуште е тренер на Каталонците. Тој очајно го води тимот оваа сезона, а наводно ниту во соблекувалната ситуацијата не е баш најсјајна.

Каталонски Спорт утрово објави дека Валверде ја изгубил поддршката од големиот дел од играчите, кои очигледно сакаат промени и нов тренер. Но, челниците на Барса и понатаму веруваат во него, што е големо изненадување за сите.

Бартомеу повторно ја искажа поддршката кон Валверде, иако се чини дека тој е единствен кој сака Валверде да остане на клупата на Барса.