Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секојдневно на површина излегуваат нови детали за животот на Шакира и Жерар Пике, по нивната разделба пред неколку недели.
Сега се појави информација дека колумбиската пејачка никогаш не била прифатена во соблекувалната на Барселона.
Пике и Лионел Меси играа заедно во каталонскиот тим, а сопругата на Аргентинецот, Антонела ѝ дала прекар на Шакира и ја исмејувала често.
Причината поради која ѝ дале таков прекар „Ла патрона“ е нејзиниот однос кон Пике, а дури и Шакира не била премногу заинтересирана за друштво со девојките на фудбалерите на Барселона.
Пике и Шакира беа 12 години во љубовна врска, па сега ќе водат судска постапка за поделба на имотот, но и старателството врз децата.