Солдадо ги скина лигаментите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Виљареал во новата сезона ќе влезе доста ослабнат бидејќи Роберто Солдадо се здоби со една од најстрашните повреди во светот на фудбалот.

Искусниот напаѓач се повреди на пријателскиот натпревар со Депортиво, синоќа, а веќе утрово лекарскиот тим на Виљареал извести дека Солдадо ги скинал лигаментите и ќе мора на операција.

Од сајтот официјална потврда за тоа колку ќе отсуствува сеуште нема, но добро знаеме дека опоравувањето од вакви повреди трае од шест до девет месеци.

Солдадо после две сезони пак се врати во шпанската лига од Тотенхем и покажува добри игри за „жолтата подморница“