Солидарноста на прво место: Фудбалерите на Борусија се откажаа од дел од платата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах направија неверојатен гест во време на пандемијата на коронавирусот.

Коронавирусот го запре фудбалот во сите европски лиги, па така и во Германија, што на голем број клубови им направи проблеми.

Во некои клубови мораа да ги скратат трошоците, па беа отпуштени многу луѓе, но играчите на Менхенгладбах се сетија да се откажат од дел од платата за да спречат такво сценарио.

„Играчите се понудија да се откажат од дел од платата за да му помогнат на клубот и со самото тоа на останатите вработени“, објави спортскиот директор Макс Еберл.

Вреди да се спомене дека убав гест направи и Челси, кој го отстапи својот хотел на докторите, кои се борат со вирусот.