Солшер одбил неколку премиерлигаши, а планира да се врати на работа од јуни


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер одбил неколку тимови од Премиерлигата по отказот од Манчестер јунајтед, но подготвен е од следната сезона повторно да се врати на работа.

Солскјер, наводно, добил понуда од неколку премиерлигаши, меѓу не сакал да преземе ниту еден од нив затоа што бил крај на сезоната.

Во моментов како единствена опција за Солшер делува Барнли, кој се наоѓа на 16. позиција во Премиерлигата и има 34 бодови, односно два повеќе од зоната за испаѓање, па ако обезбеди опстанок, тогаш би можеле Норвежанецот да го гледаме на клупата на премиерлигашот.