Солскер оваа недела тргнува по своето ново големо засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед веќе подолго време „атакува“ на играчот на Спортинг Бруно Фернандез, а сега се чини дека се спремни да отидат чекор понатаму.

Јунајтед оваа седмица би требало да започне преговори околу доаѓањето на Фернандес на Олд Трафорд, а Солскер конечно би можел да добие играч кој е негова голема желба.

Португалскиот везен имаше феномелана сезона позади себе во која одигра 53 натпревари за Спортинг и постигна 32 гола и запиша 18 асистенции.

Неговата моментална цена е  55 милиони евра, но во својот договор има откупна клаузула од 100 милиони, а наводно првата понуда ќе биде токму 55 милиони евра.

Според наводите на англиските медиуми неговото доаѓање не зависи од евентуалното заминување на Погба.

Сити се исто заинтересирани за овој играч, а некои информации говорат дека овој клуб е спремен да ја плати и откупната клаузула, но се чини дека Јунајтед е во предност пред својот градски ривал.