Солскер потврди дека Алексис најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез се наоѓа на излезните врати на Манчестер Јунајтед.

Алексис на Олд Трафорд стигна на почетокот од 2018. година од Арсенал, како големо засилување,но не се снајде баш најдобро/ Тој стана еден од најплатените играчи во Англија, а одигра нешто помалку од 50 натпревари и даде вкупно пет голови..

Јасно е дека Јунајтед сака да се реши од Алексис и на овој начин и тоа како би го олесниле буџетот, атоа што Алексис неделно заработува 500.000 фунти.
Веќе некое време се шпекулира дека Алексис ќе оди во Интер на позајмица, а наводно денес веќе би требало да оди во Милано на лекарски прегледи.

Дека Алексис ќе го напушти англискиот тим потврди и Солскер.

„До крајот на преодниот рок има уште неколку недели и постои шанса Алексис да го напушти клубот. Постојат клубови кои покажаа интерес за него и ќе видиме што ќе се случи на крај. Тој е сеуште наш играч, но се е отворено“, изјави Солскер.