Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвените Ѓаволи се во многу лоша форма во последно време и ќе им биде потребна многу среќа за да завршат на четвртото место кое води во ЛШ. Таа позиција моментално ја чува Челси кои се сигурно задоволни од ремито на Олд Трафорд.
Норвешкиот стручњак Солскер се повеќе се наоѓа на мета на критики и доколку не избори пласман во ЛШ јасно е дека тоа ќе биде голем неуспех за Манчестер Јунајтед.
Солскер првпат по доаѓањето на клупата на Црвените Ѓаволи покажа незадоволство, а тоа најмногу го почуствува францускиот фудбалер Марсијал кој не влезе во игра на мечот против Челси.
Марсијал на загревањето само стоеше на теренот и воопшто не сакаше да се трча. Ова видео стана хит на социјалните мрежи, а очигледно стигна и до тренерот на Јунајтед.
Англиските медиуми пренесуваат дека Солскер одлучил да му одржи предавање на Французинот пред тренингот и тоа пред целата екипа. Наводно, дури и го повишил гласот во неколку наврати и јасно му дал до знаење на Марсијал дека ваквата несериозност нема да ја толерира.
Марсијал одлично играше кога Солскер дојде во Јунајтед, но потоа доје до опаѓање на неговата форма.
Во јануари потпиша нов 5годишен договор, но повторно е актуелна приказната дека на крајот од сезоната би можел да го напушти Јунајтед.
Martial working hard in the warm up pic.twitter.com/8H9k6MlDDt
— Paul S (@paulsherlock69) 28 April 2019