Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул дури 30 години чека на титулата во англиската Премиерлига, а токму тоа беше една од темите на разговор на Оле Гунар Солскјер и новинарите.
Јунајтед и Ливерпул го играат големото дерби во Премиерлигата од 17.30 часот на „Олд Трафорд“, а „црвените“ ја бркаат деветтата победа по ред во англискиот шампионат.
„Сигурен сум дека ќе ја освоиме лигата наскоро и сигурно нема да чекаме 30 години. Добар резултат против Ливерпул може да промени многу работи и да влијае на цела сезона. Можеби моите фудбалери не веруваат доволно во себе, можеби им недостига самодоверба. Но јас знам дека се доволно добри. Ние сме Јунајтед и одиме по трите бода, без разлика дали гираме против Ливерпул, Сити или некој друг“, порача храбро Солскјер.