Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е спремен да се ослободи од некои играчи во зимскиот преоден рок.
Јасно е дека Јунајтед со игрите и резултатите веќе некое време не личи на екипа која беше во годините кога беа во врвот на Премиер лигата, па челниците на клубот бараат различни начини да ја подобрат екипата.
Како што јавуваат островските медиуми, Оле Гунар Солскјер веќе ги отпишал некои играчи и тоа на некои им соопштил дека можат да си бараат нова средина уште овој месец.
Ед Вудвард, директорот и главен оперативец е спремен да ги исполни барањата на Солскјер, па така искусниот српски играч за врска Матиќ најверојатно ќе го напушти Олд Трафорд.
Матиќ со Челзи освои две титули, а во Јунајтед го доведе поранешниот менаџер Жозе Мурињо, но искусниот репрезентативец на Србија веќе некое време не е во плановите на норвешкиот тренер.
Аргентинскиот одбрамбен играч Маркос Рохо, кој за Манчестер потпиша за 16 милиони фунти во 2014. година, нема настап веќе месец дена и веројатно ќе го напушти клубот.