Солскјер „крои“ екипа по свој вкус: Пет фудбалери ќе „летнат“ од „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешкиот тренер Оле Гунар Солскјер ја доби довербата на клупата на Манчестер јунајтед, па англиските медиуми постојано шпекулираат за иднината на дел од фудбалерите.

„Би-Би-Си“ пишува дека тројца фудбалери сигурно ќе го напуштат „Олд Трафорд“, а тоа се Андер Ерера, Алексис Санчез и Хуан Мата.

Ерера, наводно, се договорил со ПСЖ и треба да ја продолжи кариерата во францускиот клуб, зашто договорот му завршува на крајот на сезоната со Јунајтед.

Од друга страна, Санчез ја разочара управата на „ѓаволите“, но останува нејасно кој е подготвен да му даде 300.000 фунти неделно по катастрофалната година помината во Манчестер.

Веќе од претходно е познато и дека Антонио Валенсија ќе си замине од екипата, а наводно за неговите услуги се заинтересирани Арсенал, Вест хем и Интер, а исто така не е позната ниту иднината на Матео Дармијан, кој најверојатно ќе се врати во Серија А.

Англиските медиуми пишуваат дека ова ќе биде  најголемата „чистка“ уште од времето кога екипата ја предводеше холандскиот тренер Луј Ван Гал.