Солскјер откри што му е потребно на Јунајтед да заврши во топ-4!


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Манчестер јунајтед синоќа загуби на гостувањето кај Вулверхемптон со 1-2, а тренерот Оле Гунар Солскјер кажа дека им се потребни дури 15 бодови за да обезбедат место во Лигата на шампиони наредната сезона.

Иако тимот од „Олд Трафорд“ поведе со 1-0, Вулверехмптон направи голем пресврт и победи. Јунајтед сега е во ситуација да падне на шесто место доколку вечерва Челси го победи Брајтон на свој терен.

Тренерот на Јунајтед кажа дека бил разочаран со резултатот по натпревар.

„Требаше сега да бидеме меѓу најдобри три екипи на табелата. Можевме и требаше, но ние сме сами виновни за својот неуспех. Игравме добро до момент кога тие го постигнаа вториот гол“, вели Солскјер.