Солскјер потврди дека клубот води преговори со двајца играчи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека од клубот во моментов преговараат со двајца играчи.

Раководството на „ѓаволите“ одржува редовни средби со агентите на Тахит Чонг и Анхел Гомес кои ќе останат без договори по крајот на сезоната.

„Се уште преговараме со нив. Тахит постигна гол против младиот тим на Бриж, подобро е што играше на тој натпревар отколку да седи на трибините со првиот тим. Играше многу добро против Вулвс во ФА Купот, бев задоволен со него. Момчињата имаа одлична посветеност и се топ момчиња. Правиме што можеме за да ги задржиме затоа што знаеме дека за неколку години тие ќе бидат мноуг, многу добри играчи“ –изјави Солскјер.