Солскјер потврди зошто го пуштил Смолинг да замине и посочи дека има целосна доверба во напаѓачите, затоа се решил да го даде Санчез

Оле Гунар Солскјер на денешната прес конференција откри детали околу заминувањата од Манчестер Јунајтед во последните денови од преодниот рок.

Тој потврди дека Смолинг и Дармијан ќе си заминат во Италија, а откри и зошто се решил да го пушти Алексис Санчез да оди на позајмица во Интер.

„Смолинг во Рома? Таа опција излезе во последните денови и тоа беше одлична можност за Крис. Седнавме и разговаравме, а во моментов ние имаме шест фудбалери кои може да играат како централни стопери и не можев да му ветам дека ќе биде стандарден“ –истакна СОлскјер а потоа се осврна на нападот на Манчестер Јунајтед кој остана покус за Алексис Санчез кој и официјално потпиша договор со Интер.

„Моравме да ја донесеме таа одлука. Јас им верувам на Антони, Маркус и Мејсон и тие ќе бидат нашите напаѓачи. Мејсон не е навикнат да игра толку малку како во овој момент, но се ќе биде во ред“ –заклучи Солскјер.