Солскјер реши: Јунајтед нуди 80 милиони фунти за нов договор на своја ѕвезда!

Оле Гунар Солскјер пред неколку недели потпиша договор со Манчестер јунајтед, па раководството на располагање ќе му даде 250 милиони фунти за трошење на лето.

Сепак, фокусот е ставен на сегашниот тим, односно продолжување на договорите на најважните фудбалери, меѓу кои е и тој на Маркус Рашфорд, за кого се подготвува речиси 80 милиони фунти.

Англиските медиуми пишуваат дека тоа е сумата која ќе ја добие англискиот репрезентативец за соработка до 2024 година.

Тоа значи дека Рашфорд неделно ќе добива дури 300.000 фунти неделно, колку што имаше и Вејн Руни во својата последна сезона на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да го обезбедат потписот на напаѓачот пред евентуални обиди од европските гиганти да успеат да го ангажираат.