Солскјер се мачеше, па на помош му дојде Погба! ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едисон Кавани против Челси ги запиша првите минути во дресот на Манчестер јунајтед. Како и голем број играчи од Јужна Америка, така и Уругваецот има одредени проблеми на почетокот на авантурата во Англија, а проблем е јазичната бариера.

При давање на инструкции Оле Гунар Солскјер се измачи со Кавани, а потоа на помош дојде Пол Погба, кој имаше улога на преведувач и му објасни на напаѓачот што се бара од него.

Кавани долго време играше во ПСЖ, па го совлада францускиот јазик, а добро зборува и италијански, па Погба немаше проблем да му преведе.