Солскјер се огласи и даде одговор за тоа каде ќе продолжи Погба следната сезона


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер очекува Пол Погба да остане во Манчестер Јунајтед и покрај големиот интерес од Реал Мадрид и Јувентус.

Французинот во последно време е доста критикуван од страна на стручните аналитичари поради неговите настапи, а лошите игри според многумина се должат на постојаните трансфер шпекулации поврзани со неговата иднина.

Сега, Солскјер даде одговор на прашањето дали Пол Погба ќе си замине од клубот во летниот преоден рок.

„Не може да гарантирате ништо во фудбалот, но мислам дека Пол ќе биде со нас и следната година. Можам да ве убедам дека тој е одлучен да успее со Манчестер Јунајтед. Би можел да ви кажам дека гарантирам дека ќе остане, но во животот никогаш не треба да го употребувате тој збор“ –коментираше Солскјер.