Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Оле Гунар Солскјер знае дека има потреба од засилувања во одбраната, па поради тоа во договор со раководството на Манчестер јунајтед реши да ја активира откупната клаузула на дефанзивецот Дајот Упамекано од Лајпциг.
Упамекано има откупна клаузула од „само“ 38 милиони евра, па иако потпиша нов договор, сепак може многу лесно да се случи да го напушти германскиот тим.
Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ ќе ја активираат откупната клаузула веднаш по завршувањето на сезоната.
Интерес за Упамекано покажуваат многу европски гиганти, пред се Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Сити, па поради тоа „црвените ѓаволи“ сакаат што е можно побрзо да се договорот со неговиот агент.