Солскјер со неочекуван потег: Немања Матиќ на трансфер листа

„Индипендент“ пренесува дека Манчестер Јунајтед ќе му дозволи на Немања Матиќ да си замине од клубот во летниот преоден рок.

Србинот играше клучна улога под водство на Жозе Мурињо, а е редовен и кај Оле Гунар Солскјер во досегашниот дел од натпреварите кои ги води Норвежанецот.

Сепак, весникот сега пренесува дека Манчестер Јунајтед планира да се засили со Деклан Рајс од Вест Хем и за таа цел е подготвен да го „жртвува“ Матиќ за да ослободи место во средината на теренот за младиот фудбалер.