Сон го пропушта мечот во Белград поради – психолошки проблеми


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерот на Тотенхем, Хеунг-Мин Сон уште е во шок по повредата на играчот на Евертон, Андре Гомеш, кој ја скрши ногата, па поради тоа Кореецот би можел да го пропушти дуелот со Црвена Звезда.

Тотенхем во среда ќе гостува кај Црвена Звезда во Белград, а постои голема можност Сон да не биде дел од екипата, која ќе замине во Србија, поради тоа што се соочува со проблеми.

Сон по стартот почна да плаче, откако забележа дека Гомеш ја скршил ногата и поради тоа го очекува голема пауза, од можеби една година.

Во текот на денешниот ден лондонскиот клуб ќе донесе конечна одлука за тоа дали Сон ќе заигра против Црвена Звезда или ќе мора да одмора уште некое време.