Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити, Челси и Тотенхем забележаа победи во трите вечерашни натпревари од 32. коло од англиската Премиер лига.
„Граѓаните“ се вратија на врвот на табелата откако со 2:0 славеа рутинска победа против тимот на Кардиф. Работата беше завршена уште во првото полувреме кога погодоците ги постигнаа Кевин Де Брајн и Лерој Сане.
Тотенхем стигна до победа во првиот натпревар на новиот стадион откако го совладаа Кристал Палас со 2:0. „Петлите“ нешто потешко стигнаа до победата, а стрелци на головите беа Сон во 55. минута и Ериксен во 80. минута.
На победа се радуваше и Челси кој славеше со 3:0 против Брајтон и со тоа го истисна Манчестер Јунајтед на 6. позиција на табелата. „Сините“ од Лондон во моментов се на петтата позиција.