Сон заплака пред камерите по поразот од Манчестер јунајтед! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Скот Мектоминеј направи прекршок над Хеунг-Мин Сон поради што судиите му поништија гол на едисон Кавани, а навивачите веднаш го нападнаа играчот на Тотенхем.

Сон беше стрелец на водечкиот погодок, а тоа дополнително ги налути навивачите на „црвените ѓаволи“ кои го нападнаа фудбалерот на Тотенхем со расистички навреди.

Сон по мечот не можеше да го сокрие разочарувањето, па постојано повторуваше како не знае што се случило и се извини поради поразот во име на цела екипа.

Манчестер јунајтед со пресврт славеше со 3-1 против Тотенхем и си обезбеди место во Лигата на шампиони (ЛШ) за следната сезона.