Сопругата го остави поради неверство, а тој ѝ се извинува и моли преку Инстаграм


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Поранешниот француски фудбалер Ерик Абидал е во центар на внимание на љубовен скандал, откако пред неколку дена медиумите открија дека тој имал љубовна афера со фудбалерката на ПСЖ, Кеира Хамрауи, која неодамна беше брутално претепана на улиците на Париз.

Абидал и Кеира ја почнале својата љубовна врска кога таа настапувала за Барселона, но фудбалерката ги прекинала односите минатото лето со него.

Нивната афера беше откриена неколку дена откако фудбалерката беше претепана, по што сопругата на Абидал си замина од домот.

„Хајет Абидал прости ми. Без разлика која е твојата одлука, ти ќе останеш жена на мојот живот и мајка на нашите деца. Го заслужувам ова понижување“, напиша Абидал.