Сопругата на Фабињо ги изнервира „граѓаните“: Некои работи не се купуваат со нафта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити ја освои шампионската титула во англиската Премиерлига, а Ливерпул остана и без трофеј во Лигата на шампиони (ЛШ), но сепак мораше да се задоволи со пехарите во Лига Купот и ФА-купот.

Сопругата на Фабињо реши да ги испровоцира „граѓаните“ по прославата на титулите на Ливерпул и напиша кратка порака на социјалните мрежи.

„Ние сме Ливерпул. Се гледаме следната сезона црвено семејство. Ви благодариме за поддршката. Има некои работи кои не можат да се купат со нафта“, напиша Ребека Таварез, која мислеше на прославата на титулата.