Сопствениците на Јунајтед не го менуваат своето мислење: Солскер и понатаму ја има нивната поддршка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со поразот од Њукасл вчера на Ст. Џејмс Парк со резултат од 1:0, Манчестер се доведе до ниво да го има најлошиот старт во Премиер Лигата во последните 30 години.

Тимот од Олд Трафорд после осум одиграни кола има само девет освоени бодови и се наоѓа на 12. позиција на табелата, а водечкиот Ливерпул е пред него со разлика од 15 бодови.

Јунајтед се мачи оваа сезона и тоа е очигледно, а Оле Гунар Солскјер никако не успева да ја пронајде добитната комбинација и да оствари неколку победи по ред.

Поради ова, Норвежанецот ја изгуби довербата во навивачите на Јунајтед кои се кренаа во бунт за оставка на стратегот, но од тоа најверојатно нема да се случи ништо.

Имено, англиските медиуми наведуваат дека изворот од Олд Трафорд им кажал дека Солскјер и понатаму ќе го предводи Јунајтед со оглед на тоа дека ја добил поддршката од фамилијата Глејзер и потпретседателот Ед Вудвард.

Исто така се наведува дека позицијата на Солскјер не е загрозена бидејќи во клубот и понатаму веруваат во неговата долготрајна програма.