Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус игра уште една перфектна сезона во Серија А, а е на добар пат да обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Паоло Дибала сепак не е еден од играчите кои се меѓу најзаслужните „Бјанконери“ оваа сезона. Аргентинецот игра топло-ладно цела сезона, а таков е и неговиот однос со Алегри.
Аргентинецот не беше в првите 11 ниту против Атлетико Мадрид, ниту против Ајакс во Амстердам и до денес неговата иднина во Торино беше неизвесна.
Според пишувањето на италијанските медиуми, спортскиот директор на Јувентус, Павел Недвед му порачал на Дибала да не ги гледа шпекулациите во медиумите според кои тој ќе си замине од Јувентус. Чехот му кажал на одличниот фудбалер дека неговата иднина е во Јувентус.
Состанок на Недвед и Дибала, познато дали Аргентинецот ќе остане во Торино