Состанок во Ред Бул – ќе се дискутира за иднината на Перез


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Раководството на Ред Бул наскоро ќе одржи состанок со возачот Серхио Перез за да дискутира за неговата иднина во тимот на Формула 1. Спекулациите дека Перез би можел да биде заменет во 2025 година стануваат сè погласни, особено по слабите резултати оваа сезона.

Иако во јуни Перез го продолжи својот договор со Ред Бул за дополнителни две години, неговата форма од тогаш бележи значителен пад. Во последните осум трки, тој освои само девет поени, што негативно се одрази на тимот, особено во борбата за титулата во шампионатот на конструктори.

Тимскиот директор, Кристијан Хорнер, во изјава за „Скај“ потврди дека оваа недела ќе се одржи анализа на целата сезона заедно со 34-годишниот Перез. Во последната трка од сезоната, која се возеше во неделата во Абу Даби, Перез беше елиминиран уште во првиот круг. По трката, тој за првпат јавно призна дека разговара со тимот за идните чекори и можностите кои би биле најдобри за сите страни.