Совети за обложување: Битка за ЛШ во Марсеј, Пандев на тешка мисија на „Сао Паоло“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Kladenje.mk ви ги нуди следниве бесплатни типови.

Марсеј – Лион: ГГ (двете екипи постигнуваат погодок)

Во моментов се води голема битка во француската Лига 1 за третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампиони во наредната сезона, а во моментов на таа позиција се наоѓа Марсеј додека веднаш зад нив се наоѓа поранешниот шампион Лион. Двете екипи не се во најдобра форма во последно време, но во последниот меч кој го одигра и двата тимови успеаа да стигнат до победа. Доколку се погледнат нивните меѓусебни средби, тешко е да се најде фаворит и покрај тоа што Лион има дури две победи во последните пет натпревари.

Милан – Киево: 1 (победа на домаќинот)

Екипата на Милан можеби доживеа шок во Лигата на Европа и пораз од Арсенал, но затоа во Серија А игра одлично, поточно има четири победи на последните пет натпревари, па ја продолжува битката за позиција која носи во Лигата на шампиони наредната сезона. Во овој натпревар Милан е дефинитивно фаворит, а тоа го потврдуваат и последните меѓусебни средби на двете екипи во кои Милан победил четири пати и еднаш одиграл нерешено во последните пет меча.

Наполи – Џенова: 1 (победа на домаќинот)

Наполи го изгуби темпото во Серија А во битка за Скудетото со Јувентус, па сега има четири бодови помалку од лидерот и актуелниот шампион во Италија. На последните две средби Наполи освои само еден бод, па поради тоа ќе се обиде да се врати во трка за титулата. Џенова пак во последните пет средби има три победи, но и два порази по ред. Во меѓусебните средби Наполи е драстично подобар од екипата на Горан Пандев, поточно има дури три победи на последните пет натпревари.

Борусија Дортмунд – Хановер: 1 (победа на домаќинот)

„Милионерите“ направија важен исчекор во однос на конкурентите, откако во минатото коло успеаа да го победат својот голем конкурент за позициите кои носат во Лигата на шампиони, Франкфурт. Екипата на Хановер се наоѓа во лоша серија, односно на последните пет натпревари освоија само четири бодови додека Дортмунд на последните пет средби освои 11 бодови. Кога ќе се погледнат меѓусебните средби, Дортмунд има три победи додека Хановер има две победи, но моменталната форма го прави тимот на Борусија Дортмунд фаворит во оваа средба.

Проверете ги останатите типови на Kladenje.mk