Совети за обложување: Борба за владетел на Мадрид помеѓу Реал и Атлетико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Време е за тикет. Доколку не сте сигурни што да одиграте денес, Kladenje.mk ви стои на располагање со неколку предлози за денес:

Мец – Лион: 2 (победа на гостинот)

Гостите од Лион се наоѓаат во добра форма пред натпреварот против Мец, кој всушност е „закован“ на дното и минимални се шансите за спас од испаѓање во понизок ранг. Лион се бори за место кое води во Лигата на шампиони, а во моментов се одалечени само два бодови од тоа. Кога ќе ги погледнеме последните пет средби помеѓу екипите, Лион има неверојатни четири победи и само еден пораз, притоа има постигнато 13 голови и примено само два.

Милан – Сасуоло: 1 (победа на домаќинот)

Милан на „Сан Сиро“ го пречекува стариот „пациент“ Сасуоло, кој повторно се бори за опстанок додека „росонерите“ ќе бркаат место кое води во Лигата на шампиони. Милан „падна“ во мала криза во последните две средби, откако прво беше поразен од Јувентус со 3-1, а потоа ремизираше против Интер, но тоа не значи дека „црвено-црните“ се отпишани од битката за првите четири позиции. Кога ќе се погледнат последните пет меѓусебни средби на тимовите, Милан има дури четири победи против аутсајдерот Сасуоло.

Борусија Дортмунд – Штутгарт: 3+ (вкупно се постигнати три или повеќе голови)

Домаќините од Дортмунд се соочуваат со голем број на повреди, но без разлика на тоа продолжува битката за првите четири позиции во германската Бундеслига додека Штутгарт има теоретски шанси за да стигне до шестата позиција, која води во Лигата на Европа. Во последните пет средби на овие два германски тима, биле постигнувани повеќе од три голови на сите средби.

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид: 1 (победа на домаќинот)

Откако Барселона скоро сигурно е новиот шампион на Примера, останува битката за позиција, но исто така и за престиж помеѓу двете најголеми екипи од Мадрид. Реал и Атлетико ќе се соочат на „Сантијаго бернабеу“, а победникот би требало да го одлучат нијанси. Реал Мадрид го покажа своето вистинско лице во Лигата на шампиони против Јувентус, а кога ќе ги погледнеме последните 5 средби помеѓу двата состава, Реал Мадрид има две победи, додека Атлетико има една победа и две средби завршиле нерешено.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk