Совети за обложување: Дерби во Лондон помеѓу Челси и Тотенхем, Валенсија во борба за трета позиција во Примера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку сеуште се немате одлучено што да одиграте денес, Kladenje.mk ви ги нуди следниве типови.

Челси – Тотенхем: 3+ (Двата тимови вкупно постигнуваат три или повеќе голови)

Големо дерби не очекува во Лондон помеѓу екипите на Челси и Тотенхем, а исто така овој натпревар може да го одговори прашањето кој ќе биде четврти и последен патник во Лигата на шампиони наредната година. Челси ја посакува оваа победа, па ќе се обиде да стигне до победа и да ја намали разликата од пет бодови на Тотенхем. Во претходните натпревари и двете екипи беа многу ефикасни, па скоро на сите натпревари постигнаа вкупно три или повеќе голови. Кога ќе ги погледнеме последните пет средби помеѓу лондонските ривали, на дури четири меча резултатот бил со вкупно три или повеќе голови, а само еднаш резултатот завршил со помалку од три постигнати голови.

Лион – Тулуз: 1 (Победа на домаќинот)

Во Франција се води голема борба за место кое води во Лигата на шампиони, а во моментов Лион се наоѓа на само два бода од таа позиција, сепак Тулуз не е во идеална позиција зашто се наоѓа на само еден бод до опасната зона. Кога би ги погледнале последните натпревари помеѓу француските клубови, можеме да забележиме дека Лион има победено на последните шест меѓусебни средби, а последниот пораз го доживеале пред четири години, па поради тоа Лион би требало да ги освои трите бодови против аутсајдерот Тулуз.

Вердер Бремен – Ајнтрахт Франкфурт: ГГ (Двете екипи постигнуваат гол)

Двете екипи се наоѓаат во добра форма во германската Бундеслига, а Франкфурт се бори за место во Лигата на шампиони додека Вердер се наоѓа блиску до средината на табелата, па колку што е далеку од место кое води во Европа наредната година, толку е далеку и од место кое носи во понизок ранг. Сепак, кога ќе ги погледнеме последните средби на екипите, може да видиме дека и двата тимови се ефикасни. Во последните пет меѓусебни средби Франкфурт само на еден натпревар не постигна гол додека на останатите мечови двата состава постигнуваа гол.

Леганес – Валенсија: 2 (Победа на гостинот)

Валенсија скоро сигурно ќе се натпреварува наредната сезона во Лигата на шампиони додека Леганес практично си обезбеди опстанок во Примера, поточно се наоѓа на средината на табелата. Сепак, Валенсија сака да ја продолжи одличната серија и со победа да успее да го премине Реал Мадрид на табелата во Примера додека Леганес нема некој посебен императив за победа. Кога би ги погледнале последните пет средби помеѓу двете екипи може да забележиме дека Валенсија успеала да победи на сите пет дуели, па поради тоа Валенсија влегува во овој меч како фаворит.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk