Совети за обложување: Емполи бара победа за зацврстување на врвот, „големо“ дерби помеѓу Фарски Острови и Лихтенштајн


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Доколку сеуште се немате одлучено што да одиграте денес, Kladenje.mk ви ги нуди следниве типови.

Пескара – Емполи: 2 (победа на гостинот)

Екипата на Емполи во моментов се наоѓа на врвот во Серија Б со само три бодови предност пред второпласираниот Фросиноне, но и натпревар помалку додека Пескара се наоѓа на само четири бодови од зоната за испаѓање. Емполи во последните пет натпревари има три победи и два реми резултати, а Пескара се соочува со голема криза, па на последните пет средби освои само два бода, па поради тоа Емполи е голем фаворит во оваа средба, а тоа го потврдуваат и меѓусебните средби. На последните пет Емполи победи дури четири пати, а Пескара прими неверојатни 12 голови.

Алмере – ФК Емен: 3+ (на натпреварот ќе има три или повеќе голови)

Сите знаеме дека во Холандија играат ефикасен фудбал, па скоро секој натпревар „паѓаат“ многу голови. Алмере се наоѓа во голема криза и на последните пет меча има пет порази, при тоа постигна пет голови, а прими 14 голови додека Емен е во подобра форма, па на последните пет средби освои шест бодови. Кога ќе ги погледнеме меѓусебните средби на овие екипи, двата тимови постигнувале секогаш повеќе од три голови вкупно. Последен пат кога не паднале повеќе од три голови бил пред три години.

Јонг Ајакс – Јонг АЗ: 3+ (на натпреварот ќе има три или повеќе голови)

Фаворит во средбата помеѓу Јонг Ајакс и Јонг АЗ е домашниот состав поради тоа што во моментов се наоѓа на врвот на табелата додека Јонг АЗ се наоѓа на 15. позиција од 20 екипи. Формата на двата состави е слична, откако во последните пет средби Јонг Ајакс освои девет бодови, а Јонг АЗ освои десет бода. Исто така последната меѓусебна средба заврши со победа на Јонг АЗ од 4-2, а двата тимови скоро на секој натпревар имаат резултат со три или повеќе голови.

Фарски Острови – Лихтенштајн: 1 (победа на домаќинот)

Иако двете екипи се многу слаби и скоро се неатрактивни, сепак ова ќе биде „големо“ дерби помеѓу малите репрезентации. Фаворит во оваа средба е составот на Фарски Острови затоа што на последните пет средби имаше една победа и по два порази и нерешени резултати додека Лихтенштајн успеа да победи на само една средба, а останатите четири ги изгуби. Кога ќе ги погледнеме меѓусебните средби, Фарски Острови на сите три средби кои ги одиграле, на сите три биле победник.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk