Совети за обложување: Германија е голем фаворит против Мексико


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Kladenje.mk и денес ви нуди добитни типови. Погледнете ги советите за обложување за денес.

Костарика – Србија: 2 (победа на Србите)

Од 14 часот се игра првиот натпревар во групата Д помеѓу Костарика и Србија, а нашиот северен сосед е фаворит во средбата. Од нив се очекува да го отворат Мундијалот со победа, а за тоа ќе имаат добра шанса против Костарика, која на последните пет натпревар има три порази и две победи. Од друга страна, пак, Србија има две победи, два порази и едно реми.

Германија – Мексико: 1 (победа на Германците)

Германија не беше убедлива на подготовките пред почетокот на Светското првенство, односно загуби два дуели, два одигра нерешено и победи само на еден, а сега се очекува да имаат полесна мисија против Мексико, кој е во малку подобра форма. Кога ќе ги погледнеме нивните меѓусебни натпревари, може да видиме дека дури на три победила Германија, а другите две завршиле реми во регуларниот дел, додека на крајот славеле Германците.

Бразил – Швајцарија: 1 (победа на Бразилците)

Можеби и највозбудливиот натпревар, кој треба да се одигра денеска е токму мечот помеѓу Бразил и Швајцарија. Двете екипи се во добра форма, а тоа го покажаа на подготовките, каде што имаа по неколку победи. Во меѓусебните дуели досега двете екипи по еден пораз, едно реми и една победа и иста гол-разлика, односно 4-4.

Тенис: Роџер Федерер – Милош Раониќ: 1 (победа на Швајцарецот)

Федерер со вчерашната победа се врати на првата позиција на АТП-листата, а денеска во големото финале против Штутгарт, ќе се бори за трофејот во Германија. Во претходните пет меѓусебни натпревари Федерер има три победи, додека Раониќ победил двапати. Но, бидејќи знаеме каков мајстор е Швајцарецот на тревна подлога, не би требало да има многу дилеми за победникот во денешното финале.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk