Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Kladenje.mk ви ги нуди денешните типови.
Брајтон- Хадерсфилд : Х било кога
И Брајтон и Хадерсфилд се уште немаат обезбедено опстанок во Премиер лигата и до крајот секој натпревар ќе им биде од огромно значење. Меѓусебниот двобој е натпревар во кој никој не смее да загуби поени, па многу веројатно и двата тима ќе влезат претпазливо во него. За посигурен тип ве советуваме да одиграте Х било кога (нерешено или на полувреме или на крајот на натпреварот).
Бордо- Лил: Х било кога
Лил игра кошмарна сезона и се наоѓа во зоната за испаѓање во француската лига. И тимот на Бордо не игра перфектно, но барем се наоѓа во безбедна зона, без некои посериозни закани за испаѓање, но и без никакви шанси за излез во Европа. Лил мора да победи на овој натпревар, но знаејќи ја нивната форма годинава тоа ќе биде премногу тешко, затоа наш совет е и овој натпревар да го одиграте да заврши нерешено или на полувреме или по финалниот судиски свриеж.
Рома- Фиорентина: 1 (победа на домаќинот)
Фиорентина по трагичната смрт на нивниот капитен Давиде Астори игра феноменално и веќе нанижаа пет победи по ред со кои се вклучија во трката за излез во Европа. Сепак, Рома по поразот од Барселона и малите шанси за пласман во ½ финалето во ЛШ веројатно повторно ќе се насочи кон Серија А и со победа на „Олимпико“ ќе бара задржување на третата позиција која повторно ќе ги однесе во Лигата на шампионите следната сезона.
Фрајбург- Волфсбург: 2 (победа на гостинот)
И двата тима се наоѓаат во долнатазона, но Фрајбург е нешто покомотен со четири бодови позитива во однос на Волфсбург. Знаејќи го фактот дека Волфсбург победувал на последните четири гостувања во Фрајбург и фактот дека очајно им требаат три бода за колку толку да се одлепат од позициите кои водат во второто по ранг натпреварување во Германија, фаворитската улога на овој натпревар ќе му ја доделиме токму на Волфсбург. Затоа, доколку сте похрабри може да уплатите гостинскиот тим да го добие овој натпревар.
Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk